Денес се повеќе и повеќе англискиот станува светски јазик, што мислите дали тоа влијае врз нашите култури. Односно колку долго ќе опстане англискиот јазик. Дали мислите дека би требало да има ваков доминантен светски јазик, или вештачки од типот на есперанто?
Според мене, единствено еден јазик би се наметнал на сите останати и би опстанал така кога една држава би го освоила светот, и се додека светот е една држава. Затоа што историски гледано културата на сите империи била доминантна, но откако попаѓале полека и нивната култура, односно јазикот пропаѓал со нив.